Категорија: Топ стории

Во Собранието изгласан Буџетот за 2026

Во Собранието денеска е изгласан Буџетот за 2026 година. За истиот гласаа „за„ 71 пратеник, 14 беа „против„, а воздржани немаше.  Буџетот за следната година тежи околу 6,7 милијарди евра. Во него растот на бруто-домашниот производ (БДП) е проектиран на 3,8%, а инфлацијата на 2,5%. Вкупните приходи се проектирани на

Прочитај повеќе

Каролина Гочева и Тамара Тодевска потврдени за дочекот на Нова Година во Скопје

Македонските пејачки Каролина Гочева и Тамара Тодевска се потврдени за дочекот на Нова Година на плоштадот “Македонија“ во Скопје, откри денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него за дочекот ќе настапуваат исклучиво македонски изведувачи, меѓу кои ќе има и пејачи на народна музика, како и настани за децата.

Прочитај повеќе

Џеваир Камбери не примил поткуп, туку позајмица, кажа неговиот адвокат на судењето за трагедијата во Кочани

Обвинетиот за трагедијата во Кочани, Џеваир Камбери, кој е поранешен службеник во Министерството за економија, не примил поткуп, туку позајмица, кажа на денешното рочиште неговиот адвокат Насер Рауфи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Директорот на затворот во Шутка вели дека не е точно дека лице признало дека се негови телефоните кои беа најдени

Прочитај повеќе

Бектеши не потпишал ниту една лиценца за „Пулс“, тврди неговата одбрана

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија за пожарот во „Пулс“, меѓу друго кажа дека издадените лиценци за т.н. дискотека „Пулс“ за периодот што му се става на товар, од 2018 до 2022 година,

Прочитај повеќе

Лиценцата во 2012 била за друг објект, а не за „Пулс“, кажа одбраната на поранешниот министер Сараќини

На денешното рочиште одбраната на еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија, Ваљон Сараќини, кажа дека лиценцата издадена во 2012 година била за друг објект, а не за „Пулс“, каде што се случи трагедијата. -За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е за што е

Прочитај повеќе

Селами немал законски надлежности да постапи, кажа одбраната на поранешниот директор на ДЗС на судењето за трагедијата во Кочани

На денешното рочиште, одбраната на еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, кажа дека обвинението за него се темели на нецелосни и погрешно утврдени факти. Според неговиот адвокат Јасмин Калач, меѓу друго, Основното јавно обвинителство не обезбедило доволно докази за кривичното дело што

Прочитај повеќе

Дa гласаме сите за „Приказната за Силјан„ на Тамара Котевска

Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм. Македонскиот документарец „Приказната за Силјан„ на Тамара Котевска го помина првиот круг, а во вториот, публиката има клучна улога. Наградата се доделува врз основа на освоениот број на гласови. „Приказната за Силјан“ се

Прочитај повеќе

Нема ниту еден факт кој го поврзува Максути со трагедијата, кажа одбраната на поранешниот директор на ДЗС

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, меѓу друго посочи дека не постои ниту еден факт кој го поврзува со пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Според неговиот адвокат Еленко Миланов обвинението против Максути

Прочитај повеќе

Мојата совест е чиста, обвинет сум за “несторување со умисла“ во нефункционален систем, кажа Аднан Џаферовски, поранешниот директор на ДЗС на судењето за трагедијата во Кочани

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, Аднан Џаферовски, еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во воведните зборови меѓу друго кажа дека обвинението за него е паушално и дека не му е јасно. -Не смееме да дозволиме едно зло, една трагедија, да ја

Прочитај повеќе

„ДЗС не е детективска служба да открива нелегални и нерегистрирани објекти“, кажа обвинетиот министер Салиу на судењето за трагедијата во Кочани

Шабан Салиу, еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој сега е актуелен министер без ресор, на денешното рочиште за трагедијата во Кочани меѓу друго кажа дека во ДЗС во периодот од 2012 до 2017 година никогаш не пристигнале документи со барање за согласност

Прочитај повеќе

Косовски државјанин во Скопје удрил во три паркирани автомобили, три контејнери, две возила во движење и еден семафор

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 26.12.2025 година околу 12:30 часот во Скопје, на улицата „Григор Прличев“, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.Р., државјанин на Косово со привремен престој во селото Арачиново, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“,

Прочитај повеќе

Почина Брижит Бардо

Иконата на филмското платно и една од најубавите актерки, Брижит Бардо, почина на 91-годишна возраст. Нејзината кариера ја започна со филмот „И Бог ја создаде жената“ во 1956 година, за неколку години подоцна да ги сними филмовите „Вистина“ на Анри-Жорж Клузо, „Многу приватна афера“ на Луј Мал и култниот „Презир“

Прочитај повеќе

(Фото) „Џез под ламба” ги сплоти скопјани, џез вечер и празнична магија во Центар

Центар синоќа оживеа во ритамот на џезот. На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени. Настанот „Џез под ламба”, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на

Прочитај повеќе

Денеска започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Денеска започнува тридневната „Новогодишната приказна“ во Кисела Вода, која ќе се одржи во паркот „Шопен“, веднаш до ООУ „Невена Георгиева Дуња“. „Од 19:00 часот настапува Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи проектот „Пауза за ракија“ на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров. Паркот е

Прочитај повеќе

За новогодишната ноќ сепак без снег, со минусни температури и ветер

Прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за следните денови, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ е дека времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Прочитај повеќе

Потребна е крв за 10-годишниот Никола, кој се лекува во Турција

На 10-годишниот Никола Черкезов, кој се лекува во Турција, му се потребни гранулоцити. Оттука потребно е дарување на крв. Во прилог на апелот се наоѓаат потребните информации за дарување: Фото: Unsplash

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести