Компанијата dm дрогерие маркт со гордост го најавува четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – најмасовната акција за пошумување досега! На 23 ноември 2025, dm заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми ве покануваат да се приклучите на масовното пошумување во с. Калапетровци во околината на Штип.
Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 100.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино.
Оваа година во с. Калапетровци во околината на Штип, целта е доста амбициозна – ќе се засадат дури 50.000 нови стебла, а вкупниот број од почетокот на проектот ќе достигне импресивни 150.000 засадени дрвја! Со оваа акција, ќе се направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас.
Компанијата dm обезбедува организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници. Придружете се на масовното пошумување со пополнување на оваа пријава. Пријавувањето трае до 20 ноември, односно додека не се пополнат обезбедените места.
Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот.
Пошумуваме заедно – придружете се и станете дел од промената за позелено утре!
ПР-објава














