Читајте во друштво на есенскиот книжевен кружок во Илика

По успешниот зимски и пролетен книжевен кружок, месецов во Илика започнува есенски книжевен кружок што ќе трае до крајот на годината. Поканети се сите заинтересирани, уживатели во читањето, како и оние што сакаат да си постават читачки предизвик, да им се приклучат.

Фокусот е ставен на млади македонски автори и ќе бидат опфатени три прозни книги. Првата средба ќе се одржи на 30. октомври каде ќе се разговара за „Каде леташ, Јулија?“ (2025, Или-или) од Хана Корнети.

Втората средба е закажана за 20. ноември и ќе биде посветена на „Потклек“ (2025, Бегемот) од Љупчо Петрески.

И последната средба, на 11. декември, е резервирана за книгата „Наназад“ (2025, Илика) од Стефан Алијевиќ. Сите средби ќе се одржуваат во кафе-книжарницата „Илика“, со почеток од 18:00 часот.

Идејата на кружокот е во пријатна и опуштена атмосфера да се разговара за сечие читателско искуство и да се слушнат различни мислења со кои ќе се опфатат разновидни аспекти од книгите.

Разговорот на средбите ќе го води Симона Трајчевска, која е дел од тимот на Илика.

Сите што сакаат да учествуваат на есенскиот книжевен кружок се поканети да ја посетат кафе-книжарницата „Илика“ и да си го набават пакетот подготвен специјално за членовите на кружокот. Со купување на торбичката се добиваат сите три книги, по еден бесплатен пијалак при средбите како и едно мало изненадување за идните белешки.

Повеќе информации тука.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести