Дарко Андонов – ДААН, македонски артист, автор и музички продуцент, ја објави својата најнова песна „Не можам“, дело кое успешно спојува длабока емоција со динамичен и модерен диско аранжман. Овој сингл претставува уште еден чекор во неговата авторска зрелост и препознатлив стил, кој го гради веќе неколку години.
„Песната е создадена пред околу една година, но објавувањето беше внимателно одложено со цел да добие и видео запис кој дополнително ќе ја долови приказната и атмосферата на оваа песна.
„Не можам“ настана спонтано, инспирацијата дојде од животни искуства и од она што сите ние го носиме во себе – приказната за љубов, болка и невозможноста да се заборави,“ вели ДААН.
Текстот, кој ја отсликува оваа емоционална приказна, е надополнет со аранжман од Кире Јакимов, кој исто така го направи миксингот и мастерингот. Песната е снимена во студиото на Андонов, DAAN Music Production.
„Сакав да направам песна што не е класична балада, иако зборува за емоции. Живееме во време кога болката честопати се крие зад насмевки, зад ритамот, зад движењето. „Не можам“ е токму тоа – песна за сите што навидум се силни, но носат нешто тешко внатре“, вели Андонов.
Промотивна објава