Грекос – грчки јогурт што инспирира безброј комбинации

Во светот на кулинарството постојат состојки кои не се само дел од рецептот, туку се срцето на секое јадење. Грекос грчкиот јогурт е токму тоа – кремаста основа која има моќ да го трансформира секојдневното мени во нешто посебно.

Тој е вистински сојузник на секој кој сака да експериментира во кујната – лесно се вклопува во разни комбинации. Со Грекосможе да добиете кремаст слој во вашите омилени сендвичи, да збогатите различни салати со свежина, да подготвите интересни сосови за секојдневните јадења или да создадете лесен и вкусен десерт. Без оглед дали сакате нешто солено, неутрално или благо, секогаш ќе пронајдете начин да го внесете во вашата трпеза.

Грекосе инспирација за сите оние кои сакаат да експериментираат во кујната. Може да биде дел од брз и балансиран почеток на денот, лесен додаток во текот на работниот ден или суптилен акцент на вечерната трпеза. Од појадок до вечера, секогаш е подготвен да ја дополни храната со кремаста свежина.

Еве еден инспиративен предлог како да го внесете грчкиот јогурт Грекос во вашиот дневен ритуал:

Рецепт: Тост со Грекос, авокадо и јајце

Состојки:

  • 2 парчиња тост леб од цело зрно
  • 100 г грчки тип на јогурт Грекос
  • ⅓ краставица, тенко исечена
  • 1 варено јајце
  • ½ авокадо

Потпечете ги парчињата леб од цело зрно и рамномерно намачкајте со грчкиот тип на јогурт Грекос . Врз едното парче леб намачкано со Грекос – ставете ги парчињата краставица, јајцето исечено на кругови и парчињата авокадо. Одозгора ставете го другото парче леб од цело зрно.

Овој тост збогатен со грчки тип на јогурт Грекос е брз и хранлив начин да го започнете денот!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести