Грекос – супер-храна инспирирана од Медитеранот

Грчкиот јогурт одамна е препознатлив симбол на медитеранската кујна, богат, кремаст, хранлив и секогаш присутен на трпезите на оние кои го негуваат здравиот начин на живот. Претставува суштина на медитеранскиот стил на живеење и е клучен дел од медитеранската исхрана којашто се одликува со свежи состојки и големo присуство на млечни производи во умерени количини

Денес, Грекос ја продолжува оваа традиција, комбинирајќи го медитеранскиот начин на подготовка со нутритивните барања на модерното време. Грекос носи вредни нутриенти во секој залак, така штое густ и полн со протеини, кои обезбедуваат ситост и поддршка за мускулите.

Грчкиот јогурт Грекос наследувајќи го класичниот вкус, задоволува со кремастата текстура, но ја следи и динамиката на современото време – од класичниот “бел” до High-Protein и овошните вкусови.

Од појадок со мед и овошје, преку салати и сосови – Грекос е извонредно флексибилен и креативен во кујната. Секој од вкусовите нуди нутритивна разновидност, High-Protein е со ниска масленост, што го прави идеален за активни луѓе кои сакаат повеќе енергија, без компромиси на вкусот. Овошните варијанти, со цели парчиња овошје, кајсија, јагода или шумско, додаваат свеж печат и развеселување во секој залак, додека пак новите вкусови Малага и Тропик микс е вистинска експлозија на летна свежина и овошна разиграност.

Со Грекос, секој ден може да започне или заврши со вкус кој дава енергија, го поддржува твоето здравје и овозможува гастрономски инспирации. Преку едноставен оброк, кој било од вкусовите на Грекос, збогати го, во зависност од желбите со овошје или зеленчук, со житарки или едноставно чист Грекос што е доволен за сѐ, и внеси ја медитеранската мудрост дома.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести