Happy Little Adventures на Виталиа – здрави детски оброци за големи зимски авантури

Зимата е период кога на децата им е потребна повеќе енергија, но и поквалитетна исхрана. За време на зимскиот распуст, училиштето паузира, а деновите се исполнети со игра, дружење, зимски спортови и мали секојдневни авантури. Токму затоа, изборот на оброци и ужинки треба да обезбеди доволно енергија, стабилна концентрација и поддршка на имунитетот, без непотребен внес на рафинирани шеќери и вештачки состојки.

Квалитетните оброци и ужинки треба да обезбедат доволно јаглехидрати за енергија, природни извори на шеќери, како и хранливи материи кои помагаат за одржување на концентрацијата, зајакнување на имунитетот и општа виталност. Подеднакво важно е храната да биде вкусна и забавна, затоа што здравите навики најлесно се градат кога децата јадат со задоволство.

Весел и хранлив почеток на денот

Детските крцкави мусли од линијата Happy Little Adventuresна Виталиа се создадени токму со таа цел – да понудат балансиран, нутритивно богат и привлечен појадок за студените зимски утра. Комбинацијата од овесни снегулки, чоколадо и забавни екструдирани житни прстенчиња, како и овошната варијанта со јагода, брусница и малина, внесува шаренило и вкус во секоја чинија.

Муслите се збогатени со витамини од Б-комплексот и витамин Е, кои придонесуваат за нормален енергетски метаболизам, концентрација и заштита на клетките од оксидативен стрес. Дополнително, содржат железо и калциум – минерали важни за правилен раст, нормална функција на мускулите, развој на коските и одржување на виталноста кај децата.

Без додаден шеќер и богати со растителни влакна, овие мусли придонесуваат за добра дигестија и избалансиран почеток на денот. Подготовката е едноставна: додадете 8 лажици (50 г) во 120 мл млеко или јогурт, измешајте и за неколку моменти добивате крцкав, овошен и забавен појадок подготвен за секоја зимска авантура.

Паметни зимски ужинки за енергија во движење

За активните малечки, ужинките треба да бидат практични, но и хранливи. Кокосовото залче Happy Little Adventures содржи 25% кокос, природна сладост од урми и нежна млечна чоколадна обвивка – идеално за брза енергија после игра или спорт.

Овошното залче со јагода, со 80% урми и лиофилизирана јагода, нуди природна сладост без компромиси. Во споредба со класичните бонбони и индустриски чоколатца, овие залчиња се без додаден шеќер, без засладувачи и без вештачки состојки, а дополнително се збогатени со бактерии корисни за дигестивниот систем.

Градењето здрави прехранбени навики од најмала возраст е основа за правилен раст, развој и добросостојба. Оброците богати со витамини и минерали придонесуваат за подобра концентрација, помал замор и повеќе енергија за секојдневните активности.

Со линијата Happy Little Adventures, Виталиа им нуди на децата вкусна и нутритивно избалансирана храна, а на родителите сигурност дека прават паметен избор. Затоа што секоја мала авантура започнува со добра енергија и здрав појадок. 🧡

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести