Најдинамичниот викенд во Охрид е пред нас – од 30 мај до 1 јуни! А настанот за загревање што не смеете да го пропуштите е Имлек Протеин Warm Up на 31 мај – од 17:30 до 21:00 часот, кога Кеј Македонија во Охрид ќе пулсира со енергијата на Имлек Протеин!
Брендот Имлек Протеин, подготвува голем спортски настан на 31 мај кој ќе ја загрее атмосферата пред трката „Охрид трчаТ“, но и ќе понуди незаборавно искуство за сите љубители на движењето, здравиот животен стил и заедништвото.
Што ќе овозможи Имлек Протеин Warm Up за посетителите?
Ова нема да биде само класично загревање туку целосен фитнес и lifestyle настан со warm-up сесии со популарни фитнес тренери и забавни предизвици како и наградување за активните учесници со Samsung Fit Watch, ранци со производи, спортска опрема и уште многу изненадувања. Сето тоа ќе биде проследено со протеински коктели, освежување и DJ забава на отворено како и подароци за секој активен учесник, вклучувајќи маичка и производи од линијата Имлек Протеин.
Целта на Имлек Протеин Warm Up не е само физичка подготовка, туку и мотивација, дружење и потсетување дека здравите навики започнуваат со мали, но значајни чекори. Преку овој настан се поддржува спортот, локалната заедница и активниот живот кај младите. Присуството на Имлек Протеин на настанот ја нагласува важноста на снабдувањето на телото со протеини. После спортска активност мускулите се исцрпуваат, па од клучна важност е внесот на доволно протеини за нивна регенерација и градење мускулна маса. Имлек Протеин обезбедува 30 грама чист млечен протеин на порција од 300 ml. Без додаден шеќер и лактоза, со само 0,1% млечни масти, тој е идеален избор по напорна активност или трката за градење и регенерирање на мускулите.
Настанот е отворен за сите посетители, учесници и љубители на спортот, без разлика дали трчате или само сакате да бидете дел од оваа позитивна енергија.
Бидете меѓу првите 500 што ќе се пријават и активно ќе учествуваат на Имлек Протеин Warm Up – и освојте warm up стартен пакет! Не е потребна претходна регистрација – само дојдете навреме и носете спортска облека и насмевка!
И не заборавајте – загревањето со Имлек протеин никогаш не било повозбудливо!
ПР-објава