Lynk & Co 08 изложен во City Mall до 31. декември – Ексклузивна празнична понуда за најиновативниот plug-in хибрид во Европа

Од 1 до 31. декември, посетителите на City Mall ќе можат одблиску да го погледнат Lynk & Co 08, еден од најпосакуваните plug-in хибриди на европскиот пазар. Моделот, кој бележи над 100.000 продажби во Европа, и е прво возило во Европа со домет од 200 км на струја (WLTP).

Lynk & Co 08 e комбинирана потрошувачка од 0,9 л/100 км, DC брзо полнење од 10–80% за само 33 минути, како и со максимални 5 ѕвезди оценка на Euro NCAP.

Возилото е изложено под рефлекторите во City Mall, со цел заинтересираните купувачи и љубителите на електрично-комбинираната мобилност да го запознаат одблиску неговиот скандинавски дизајн, технологијата и премиум изведбата.

Во духот на празниците, Delfino Mobility Group објавува и специјален Giveaway за сите посетители на трговскиот центар. Учество се остварува со фотографирање покрај изложениот Lynk & Co 08, објавување на фотографијата на Facebook или Instagram.

Учесници кои ќе објават атрактивни фотографии добиваат можност да освојат брендирани термоси, маици или капи со Lynk & Co лого дизајн.

Паралелно, важи и предновогодишната акциска понуда Lynk & Co 08 по цена од 51.990 €, достапен за резервација до 31.12.2025 година (бројот на возила е ограничен).

За сите кои сакаат да го доживеат возилото зад волан, достапно е и тест возење со претходна резервација на телефон: 078 260 328.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести