МАЧА КОЛАГЕН – новата утринска рутина со огромна функционална вредност

Во новата година сите влегуваме со нови очекувања посакувајќи да бидеме повитални, попродуктивни и поздрави.  Се почнува со желба, а продолжува со воспоставени здрави рутини и навики, со кои ќе си помогнеме полесно да ги надминеме сите предизвици.

Овие денови можете да ја започнете вашата нова здрава рутина со новиот нутриционистички тренд Мача колаген, функционален производ кој обезбедува повеќе енергија, подобра концентрација, грижа за кожата и истовремено долгорочна поддршка на здравјето и изгледот. Овој уникатен напиток ја комбинира антиоксидативната моќ на јапонската мача со регенеративната функција на високо-квалитетен колаген, создавајќи формула која реално го подобрува квалитетот на секојдневието.

И токму на почетокот на новата година да се почувствуваме многу подобро, токму со Мача колагенот. Овој производ е континуитет на вековната традиција од Јапонија и Азија, резултат на бројни научни истражувања поврзани со стареењето. Во него се споени силната антиоксидантска моќ на зелената мача со клучната функција на колагенот, за да се постигнат најголеми ефекти во одржување на здравјето, младоста и виталноста.

Со зелената мача се добива најсилна антиоксидантска заштита и се спречува оштетување и стареење на клетките во телото. Формулата содржи и врвен колаген тип 1, најзастапениот и најпотребниот во човечкиот организам, во форма на кратки пептиди – кои гарантираат сигурна и брза апсорпција.

Овој иновативен напиток од Натура терапи има двoен анти-ејџ ефект: ја поддржува еластичноста и свежината на кожата, а истовремено обезбедува долготрајна енергија. Корисниците добиваат подобрен фокус и ментална јасност, што овозможува поголема продуктивност во текот на денот. Колагенот, пак, помага во одржување на младолик изглед, здрава кожа, коса и нокти, како и поддршка за зглобовите и мускулите.

Комбинацијата на овие два моќни елементи го прави Мача Колагенот идеален избор за сите кои сакаат да инвестираат во своето долгорочно здравје, убавина и благосостојба, и да се чувствуваат здрави, фокусирани и самоуверено.

Зелената мача е одличен извор и на природен кофеин и на таурин што прави да ја подобриме и одржиме енергијата, фокусот и издржливоста на телото. Содржи и Л-Теанин и магнезиум, кои го намалуваат стресот и заморот на организмот, помагаат да се релаксираме и подобро да ни работи мозокот, како и хлорофил, за подобар квалитет на крвта, поголемо снабдување на клетките со кислород, и детоксикација на телото.

Мача колаген е одлична утринска рутина со свеж и лесен вкус, поздрава замена за кафе. Може да биде и дел од појадок, смуди, чиа пудинг или овесна каша.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести