(Видео) Македонија набави турски хаубици БОРАН, еве како изгледа оваа оружје

Во Македонија пристигнаа шест единици од турските хаубици БОРАН, со калибар од 105 мм, заедно со соодветна муниција.

Должината на цевката на оружјето е од 30 калибри и вкупна тежина од 1.745 килограми, вклучувајќи го и системот за управување со огнот.

Системот има дострел до 17 километри и може да се распореди за помалку од една минута, а се смета за најлесната хаубица во својата класа и може да се транспортира со хеликоптер, што ја прави погодна за мобилни операции.

Оружјето овозможува висока прецизност и ефикасност на теренот во споредба со традиционалните артилериски системи.

Земјава склучи договор со Турција за испорака на оваа оружје во декември 2022 година, а оваа е прва испорака на овој вид на оружје во Европа.

Информацијата ја потврдија од турското Министерство за одбрана, а од нашето засега нема официјална потврда.

Фото: турско Министерство за одбрана/видео: Македонска одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести