Стефан Мицов е добро познато име во тениските кругови во нашата земја. Професионален тенисер, Дејвис куп репрезентативец, тренер, индивидуа кој со својата позитивна енергија го афирмира тенисот во земјава, и е поттик за многу младинци да го засакаат овој спорт. Дава професионални тениски часови на возрасни, на почетници, работи со натпреварувачи, а под негово водство неколку млади тенисери веќе остваруваат одлични резултати.
Но, она што ретко кој знае е неговата страст за парфеми. Неговиот сон да развие сопствена линија на парфеми кој го отсликува неговото #скроз јас.
Отсекогаш сум бил опседнат со парфемите! Од мал ги собирав, анализирав, размислував каков би бил парфемот кој јас би го креирал?

„Професионалната тениска кариера никогаш не ме спречи да сонувам за нешто повеќе. Дури и кога патував прекуокеански, парфимериите на аеродромите го окупираа моето време и интерес. Таа моја страст и интерес, не остана само на љубопитност и хоби, туку последниве години се претвори исто така во професионален интерес.
Се самоедуцирав на интернет, но и посетував професионални курсеви во земјава и во странство, со цел да се оспособам целиот процес да биде стандардизиран, сигурен и секако квалитетен. SC3NTOV е резултат на години инспирација, упорност и верба во личниот идентитет. Уникатна мирисна линија што ја комбинира спортската енергија, личната дисциплина и бескомпромисната страст кон стилот“.

Повеќе за него може да се дознае на социјалните мрежи. Уникатна можност е да се добие и персонализиран парфем, направен според желби и карактеристики на клиентот.
Иницијатива #СкрозЈас е инспирирана од автентичноста, уникатноста и моќта на секој поединец да биде свој, да го следи сонот. Да се прифати сопствената автентичност и да се живее со полни гради. Не поттикнува да го отвориме срцето кон она што веќе сме, без да се плашиме дека ќе изгледаме „некако“ за другите или нема да им се допаднеме.
ПР-објава