Третата сезона на „Старс Шоу“, започна да се емитува на Канал 5 телевизија. Забавната емисија оди секоја недела со почеток во 19.30 часот, и ги обединува најпознатите македонски и балкански ѕвезди во уникатна атмосфера на стил, искреност и вистинска забава.
„Ова сезона ќе се снима во ново, екстравагантно студио, со свежа визуелна енергија и уште поголем број интересни гости,“ вели креаторката на емисијата Ивана Јанковска.

И оваа сезона Јанковска ќе ја води емисијата со својот препознатлив стил и харизма, додека Ема Блажевска ќе продолжи да ја внесува својата позитивна енергија и ведрина. Новитет оваа сезона е и ново машко лице, подготвено да донесе свежина и нова динамика во секое издание.
„Старс Шоу“ ја започна својата трета сезона со Девито, еден од најпопуларните српски изведувачи, и Пајак, едно од најпрепознатливите македонски музички имиња.













