
Вечерва на сцената на МНТ гостува Црногорско народно позориште со претставата „Другата страна“
Со вечерашното гостување на Црногорско народно позориште од Подгорица и претставата „Другата страна“ на сцената на МНТ од 20 часот ќе биде заокружено роденденското одбележување на 81 година од постоењето на Македонскиот народен театар. Претставата ги поставува прашањата: „Што ни се случува?“, „Како дојдовме до ова?“, „Каде залутавме?“ и „Како се излегува од ова?“ Војната


















