Да помогнеме што повеќе семејства да заминат на одмор преку хуманитарната акција на Куќа на среќата

Здружението на граѓани Куќа на среќата испрати неколку семејства на одмор, но има уште семејства кои чекаат и се надеваат дека ќе бидат пратени и дека ова лето ќе им биде незаборавно.

„Превоз, храна, реквизити, креми, патни исправи, осигурување…. освен обезбедено сместување сакаме да обезбедиме што е можно повеќе за семејствата кои ги праќаме на одмор да немаат трошок.

Џабе му нудите сместување на некој кој нема, тој што нема нема ни како да дојде на одмор, тој што нема нема ни за купачи, влечки или пешкири.

За тоа бидете дел од оваа акција и донирајте со повик на бројот 143 404 каде со 100 денари донација станувате дел од приказната наречена одмор за едно семејство, дел од една среќа,“ се вели во апелот.

Исто така можете да донирате и преку следнава жиро сметка:

Здружение на граѓани Куќа на Среќата

200003824125567 – Стопанска банка АД Скопје

и за оние надвор од Македонија

IBAN MK07200003825028637 SWIFT код; STOBMK2X.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести