Иако имаше бројни најави, проблемот за престојот на професионалните возачи од Западен Балкан во Шенген зоната се уште не е решен.
Денеска во Скопје нивните преставниции имаа регионален состанок на кој се договорија дека ќе чекаат до 1. септември, за кога во Брисел, Белгија, е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија (ЕК).
Од исходот на овој состанок ќе зависат нивните следни чекори и дали ќе протестираат, епилог кој тие не го посакуваат, бидејќи не сакаат да направат штета за своите држави, нивниот бизнис и на Европската унија.
Станува збор за 17 илјади македонски и околу 100 илјади превозници од целиот Западен Балкан.
Тие не бараат менување на правилото за престој од 90 дена во последните 180 денови, но бараат стриктно да се почитува истото односно да имаат 90 полни денови за престој, и прецизен рок кога нивниот проблем ќе биде решен.
Поради правилото како што веќе е познато превозниците имаат сериозни проблеми. Голем дел од возачите одбиваат да возат во Зоната затоа што немаат сигурност што ќе се случи на граница, а проблем им создава и тоа што вработени на гранични премини различно ја толкуваат одлуката 90/180.
Фото: Унсплеш














