Државниот завод за статистика соопшти дека во јуни 113.436 туристи во Македонија оствариле 221.608 ноќевања.
Од вкупниот број, 22.8% се домашни, а 77.2% се странски туристи.
29.2% од ноќевањата се од домашните туристи, а 70.8% од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е намален за 0.5%, односно кај домашните туристи има намалување за 3.1%, а кај странските има зголемување за 0.3%.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.5%, така што кај домашните туристи има намалување за 3.3 %, а кај странските има намалување за 0.7%.
Оваа се земјите од кои дошле најмногу странски туристи во јуни: 24.570 од Турција, 8.522 од Србија, 4.396 од Германија и 3.207 од Бугарија.














