Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра.
Во однос на претходниот месец тие бележат зголемување за 74,4 милиони евра.
Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 71,1%, по што следуваат монетарното злато со 15,6% и валутите и депозитите со 13,2%.
Фото: Унсплеш














