Во четврток и петок ќе има пад на дневните температури, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На одделни места се можни и поинтензивни врнежи за кратко време.
По периодот на нестабилно време, се очекува постепено стабилизирање на временските услови и повторно зголемување на температурите.














