Бесплатен DIGIWORK настан за фриленсери и креативци на 13. август во Семос Едукација

Семос Едукација и Импакт Фондација на 13. август го организираат DIGIWORK настанот „Твоја идеја, твои права – Авторски права за креативни фриленсери“, наменет за фриленсери, претприемачи и професионалци од креативните и дигиталните индустрии.

Настанот е прва заедничка активност по неодамнешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу двете организации, со кој се поставуваат основите за соработка во областа на развојот на дигиталните вештини и професионалното јакнење на заедницата.

DIGIWORK ќе се одржи со почеток во 18:00 часот, во просториите на Семос Едукација.

Учеството е бесплатно и отворено за сите заинтересирани, а пријавувањето е достапно преку формуларот „Твоја идеја, твои права“.Централна тема на настанот ќе бидат авторските права и заштитата на интелектуалната сопственост, со фокус на прашањата со кои фриленсерите и креативците се среќаваат во својата работа.

Д-р Ана Пепељугоска Стојковска ќе ги обработи правата врз креативните дела, односот помеѓу авторот и клиентот, договорите за соработка и заштитата на интелектуалната сопственост.

Покрај главната тема, учесниците ќе имаат можност да бидат дел и од една од трите практични работилници: „Внатрешно уредување со AI“, „Дигитален маркетинг и AI“ и „Data Analyst и AI“.Настанот е прва конкретна активност од соработката меѓу Семос Едукација и Импакт Фондација, формализирана со потпишувањето на Меморандумот за разбирање.

Партнерството предвидува реализација на заеднички активности, настани, едукативни иницијативи и програми насочени кон зајакнување на човечкиот капитал и создавање нови можности за професионален развој.

По повод потпишувањето на меморандумот, од Семос Едукација истакнаа:

„Повеќе од три децении Семос Едукација е посветена на развојот на знаења и вештини што одговараат на потребите на современиот пазар на труд.

Веруваме дека силните партнерства се клучни за создавање одржливи можности за личен и професионален развој. Соработката со Импакт Фондација претставува значаен чекор кон поврзување на образованието, иновациите и практичната примена на знаењето, со цел да им овозможиме на фриленсерите, претприемачите и дигиталните професионалци да ја зголемат својата конкурентност и успешно да одговорат на предизвиците на дигиталната економија.“

Од Импакт Фондација додадоа:

„Иднината на работата бара луѓе со применливи вештини, но и екосистем што ќе им овозможи тие вештини да ги претворат во реални професионални можности. Партнерството со Семос Едукација е важен чекор во таа насока – заеднички да креираме знаење, контакти и можности за фриленсерите, претприемачите и професионалците кои сакаат да растат во дигиталната економија.“

Семос Едукација повеќе од 30 години придонесува за унапредување на дигиталните вештини и подготовка на квалификувани кадри за пазарот на труд. Импакт Фондација е организација која ја обликува иднината на работата преку развој на вештини, поддршка на дигиталните работници и претприемништвото и градење партнерства за инклузивен и одржлив економски развој.

Со партнерството, двете организации најавуваат и понатамошни заеднички активности насочени кон поголема информираност, практични знаења и создавање нови можности за професионален развој на фриленсерите, претприемачите и дигиталните професионалци во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести