Преставници на најголемите маркети во земјава вчера во Владата имале средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министри и заменици министри од економските сектори.
Средбата, како што информираше Мицкоски на Фејсбук, била за справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.
Тој најавува и средба со добавувачите и производителите, со цел сите заеднички да придонесат годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3%.
Во мај инфлацијата изнесуваше 4,8%, а претходниот месец 5,7%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата забавува, но ризици и притисоци постојат, оцени Народна банка
Фото: Влада














