Во мај, годишната стапка на инфлација забави сведувајќи се на 4,8%, од 5,7% во април, главно под влијание на поумерениот раст на цените на храната, што се должи на повисоката споредбена основа од истиот период минатата година, велат од Народна банка.
„Сепак, тековните показатели упатуваат на засилени инфлациски притисоци кај енергетската компонента, што создава ризици за пренесување на ефектите и врз останатите цени во економијата. Ова делумно е видливо преку засилениот раст на базичната компонента на инфлацијата.
Најновите проекции за увозните цени упатуваат на повисока странска инфлација и умерено нагорно ревидирани цени на енергентите и на дел од прехранбените производи, во услови на одолжена неизвесност. Иако очекувањата на потрошувачите за растот на цените во следниот период се малку поумерени во споредба со претходниот месец, ризиците за инфлацијата претежно се во нагорна насока, “ се вели во соопштението.
Фото/Unsplash












