Грција ќе го олеснува протокот на границите со нови сообраќајни ленти и контролни точки, и привремено суспендирање на ЕЕС системот

Грција ќе го олеснува протокот на границите со нови сообраќајни ленти и контролни точки, како и со привремено суспендирање на контролата преку системот за влез и излез (ЕЕС).

Ова го најави заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас.

Во однос на Граничниот премин Евзони, тој истакна дека додека не се заврши модернизацијата, таму нема да има голема флексибилност, но се обидуваат да најдат привремени решенија.

„Таму, во соработка со Министерството за заштита на граѓаните, кое е надлежно за спроведување гранични проверки, поставуваме други модуларни контролни пунктови, односно дополнителни контролни точки и едната сообраќајна лента ја прошируваме во две.

Немаме поголема флексибилност сè додека целосно не се модернизира граничниот премин и додека не се создадат услови за користење на дополнителни инфраструктурни капацитети,“ објасни Гулекас.

За ЕЕС системот, тој додаде дека кога се создаваат огромни гужви, во согласност со прописите од Европската унија (ЕУ), имаат можност за делумно суспендирање на мерката во часови на зголемен сообраќај и тоа често го применуваат.

Европската регулатива овозможува делумна суспензија на ЕЕС системот до 8. јули, со можност за продолжување до 6. септември.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести