
Две несреќи во Кападокија при летање со балони, загинал пилот
Во Кападокија, една од најпознатите туристички атракции во Турција, се случија две несреќи во еден ден при летање со балони. Во една од нив, пилотот загинал а 19 туристи од Индонезија биле повредени. Втората несреќа се случила при слетување, поради силниот ветер при што 12 туристи од Индија биле повредени.