
„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот
И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до Макпетрол АД Скопје од страна на Окта АД Скопје до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании, информираат од компанијата.



















