
(Фото) Заврши 40. јубилеен „Макфест“: Штип три дена живееше во ритамот на старите хитови и новите песни испеани на фестивалот
Заврши 40. јубилеен „Макфест“ во Штип, а за време на фестивалот кој траеше три дена, на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беа испеани 27 нови композиции. Основачот на фестивалот Стојан Троицки, низ солзи го прими признанието за животно дело, а признанија добија и уметничките директори на фестивалот „Макфест“,



















