(Фото) Заврши 40. јубилеен „Макфест“: Штип три дена живееше во ритамот на старите хитови и новите песни испеани на фестивалот

Заврши 40. јубилеен „Макфест“ во Штип, а за време на фестивалот кој траеше три дена, на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беа испеани 27 нови композиции.

Основачот на фестивалот Стојан Троицки, низ солзи го прими признанието за животно дело, а признанија добија и уметничките директори на фестивалот „Макфест“, кои во изминатите 40 години биле дел од него.

Освен дебитантската вечер, во меморијата на публиката ќе остане и вечерта на која беа изведени 16 безвременски хитови, испеани на сцената во Штип, а кои и денес се актуелни.

За најслушана песна помеѓу ланскиот и годинешниот фестивал, беше прогласена „Жена“ на Антонија Гиговска.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести