
Договор од 476,7 илјади евра склучи ЈСП со „Мотоцентар“
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, склучи договор за набавка на гуми за автобуси, со трговското друштво за производство, промет и услуги Мотоцентар ДОО експорт-импорт Скопје. Договорот е во вредност од 29.323.000 денари или 476.797 евра.



















