По 30 години чекање започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Повеќе од 100.000 лица секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје, а поминувањето по него е вистинска сообраќајна голгота.
Информацијата ја соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој на социјалните мрежи сподели и фотографии.



Информираше дека за да се дојде до оваа фаза бил решен долгогодишниот проблем со експропријацијата.
По завршувањето на оваа страна од булеварот, сообраќајот ќе биде пренасочен, а ќе започне реконструкцијата и на другиот дел од трасата, кој исто така ќе добие целосно нов асфалт.
Паралелно била изградена и нова атмосферска канализација.
Фото: Град Скопје














