
Почина новинарката и уредничка во МРТВ, Лилјана Алтипармакова
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радиотелевизија. Информацијата ја споделија од нејзиното семејството на Фејсбук. Целата своја професионална кариера ја помина во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка. Беше едно од најпрепознатливите имиња и лица на телевизијата. Погребот ќе се одржи на 22. април од 11:30 часот




















