
Реплек ја започна новата ера на дигитална трансформација со SAP S/4HANA Cloud
Реплек АД Скопје преку Македонската берза информира дека успешно ја завршил имплементацијата на најсовремениот ERP систем – SAP S/4HANA Cloud Private Edition. SAP е глобално водечка ERP платформа која овозможува интеграција на сите клучни деловни процеси, унапредување на ефикасноста, поголема контрола и донесување навремени одлуки врз основа на точни податоци.