Обвинителство со детали за убиството на турскиот државјанин во Старата скопска чаршија

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје извршил увид во Старата скопска чаршија каде синоќа беше убиен турски државјанин, информираа од таму.

Според информациите од ОЈО, околу 01:00 часот по полноќ биле пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет. За жал, повредите биле фатални за едниот од нив кој починал малку подоцна, додека другиот е повреден.

Од ОЈО Скопје соопштија дека се издадени итни наредби за обезбедување докази и дека Министерството за внатрешни работи интензивно постапува за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22-годишен турски државјанин е убиен во скопската Стара чаршија, еден од напаѓачите е во бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести