
Стартуваше аплицирањето за ваучери од 15.300 денари за набавка на електронски уреди за студентите
Денеска стартуваше аплицирањето за добивање на ваучери од 15.300 денари за студентите за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер. Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20. декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите. Подигањето на уредите може да се изврши до 31. декември.



















