
Законот за заштита од пушење не се одложува, следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Влада, велат од Министерство за здравство
Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови, информираат од таму. „Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела




















