Виталиа уште еднаш ја потврдува својата длабока и искрена поврзаност со македонската култура и уметност, овојпат како поддржувач на мјузиклот „Као какао“ – проект што уште од својата најава се позиционира како значаен културен настан од национално значење.
Мјузиклот е создаден според музиката на еден од најголемите македонски музички уметници, Влатко Стефановски, по текст на истакнатиот писател Венко Андоновски, во режија на реномираниот Дејан Пројкоски, а музичките аранжмани му се доверени на Бобан Мирковски.
Премиерната изведба е планирана за мај, на сцената на Македонски народен театар, симболично место каде националната култура добива свој најсилен израз.
„Као какао“ претставува уникатно музичко и сценско патување низ богатото и безвременско творештво на Влатко Стефановски – музика која со текот на времето не само што не ја губи својата вредност, туку станува сè повлијателна и порелевантна. Проектот нè потсетува дека поседуваме културно наследство кое е истовремено светско по квалитет, а длабоко наше по суштина. Мјузиклот се реализира во продукција на Баги Комуникации.
Поддршката од Виталиа за овој проект започнува уште во неговата најрана фаза – во моментите кога „Као какао“ постоеше како идеја и визија. Компанијата веднаш го препозна потенцијалот, значењето и долгорочната вредност на проектот за македонската културна сцена и безрезервно застана како партнер во реализацијата на еден од најамбициозните музичко-сценски проекти во последната деценија.
Преку оваа соработка, Виталиа уште еднаш покажува дека општествената одговорност не е декларација, туку конкретна поддршка на вредностите што ја градат заедницата. Компанијата останува доследен пријател на домашната култура и уметност, поставувајќи пример како успешните брендови можат и треба да ѝ враќаат на заедницата.
„Ни претставува големо задоволство што имаме можност да поддржиме проект од ваков размер и од огромна важност за македонската култура. Веруваме во моќта на музиката како двигател на општеството и се радуваме што ќе слушнеме нови сценски интерпретации на песните од Влатко Стефановски кои со години се дел од нашата колективна меморија. Ако здравата храна го храни телото, тогаш музиката ја храни душата“, велат од Виталиа.
Поддршката за „Као какао“ испраќа јасна порака дека културата не е спореден сегмент, туку трајна вредност што треба да се негува, заштити и развива. Поттикнувањето на уметноста е клучно за општественото воздигнување и културниот континуитет на една земја. Токму затоа, Виталиа со гордост останува поддржувач на она што е добро, вредно и наше.
Датумот на премиерата на мјузиклот „Као какао“ ќе биде дополнително потврден во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Као какао“: Македонија добива мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски
ПР-објава














