Секоја нова трансформација низ која поминува женското тело е можност жената да ја прегрне својата зрелост, да го слави искуството кое го стекнала, да ја зајакне својата внатрешна сила и да ужива во секој миг што ја прави целосна и автентична.
За време на менопаузата телото минува низ промени кои можат да нè збунат: од ненадејни топли бранови, до борба со килограмите и променливо расположение… Токму затоа храната станува наш најдобар сојузник – правилниот избор на оброци може да помогне да се чувствуваме полесно, поенергично и посмирено.
Нутриционистот Симона Коруновска заедно со dmBio ви подготвија еден вкусен и здрав освежувачки оброк за разладување во летните денови.
Наместо да ја доживуваме менопаузата како крај на една фаза, можеме да ја прифатиме како нова можност – време кога му подаруваме на телото сè што му е потребно за да остане силно, балансирано и полно со енергија. А најубавото? Секој залак е мал чекор кон виталност – и зошто да не, кон откривање на нови омилени вкусови. Токму таква е и оваа оброк-салата: лесна, свежа и хранлива – идеална летна вечера што ќе ве освежи и засити во исто време.
Рецепт на линкот ОВДЕ.
ПР-објава