Витаминка ја презентира својата понуда на Ануга, најголемиот глобален саем за храна

Витаминка и оваа година го продолжува својот континуиран настап на најголемиот меѓународен саем за храна и пијалаци – Ануга, кој традиционално се одржува во Келн, Германија, информираат од таму.

-Со богата и внимателно селектирана понуда од својата слатка и солена програма, компанијата повторно ја претставува македонската прехранбена индустрија пред светската бизнис и стручна јавност. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да ги запознаат и дегустираат најпознатите брендови на компанијата, како и најновите производи кои ги следат современите прехранбени трендови и вкусови, велат од таму.

„Присуството на Ануга претставува извонредна можност за директен контакт со партнери и потенцијални купувачи од целиот свет. Настапот меѓу водечките глобални производители на храна е уште една потврда дека Витаминка е препознаена како сигурен и иновативен бренд надвор од македонските граници.

Тоа е дополнителен поттик за постојан развој, зајакнување на извозот и ширење на нашето присуство на нови пазари“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Ануга и оваа година се потврдува како централно место на светската прехранбена индустрија, каде што се презентираат најновите иновации и трендови. Саемот обединува повеќе од 7.800 изложувачи од над 110 земји, меѓу кои и водечки компании од Европа, Америка и Азија, кои ги претставуваат најдобрите решенија и инспирации од светот на храната.

Присуството на Витаминка на оваа значајна манифестација уште еднаш ја нагласува посветеноста на компанијата кон квалитет, развој и промоција на македонските производи на глобалната сцена, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести