Вкусни и здрави рецепти за „оние денови“: Телото зборува, а ние го слушаме

За време на „оние денови“, сè што навистина ви треба е мир, нежност и малку повеќе грижа за себе. Женското здравје започнува со вниманието што си го давате себеси, а балансираната и здрава исхрана не е само добар совет – таа е вашата најдобра пријателка! Ги ублажува вашите непријатни симптоми, ви дава сила, стабилно расположение, и она исполнето чувство кога стомакот ви вели „фала ти!“.

https://www.instagram.com/p/DMIHaifsgbq

Телото си работи со полна пареа во менструалните денови– хормоните танцуваат, енергијата се качува и спушта, а расположението си шета каде што ќе стигне.  Затоа, вкусната и балансирана исхрана не е луксуз – туку супермоќ што ни помага да се чувствуваме посилно, посмирено и поздраво. Дневното мени треба да биде богато со хранливи материи како железо, магнезиум и витамин Ц кои ја обновуваат енергијата и го стабилизираат расположението.

А сите овие нутриенти може лесно да ги внесете преку едноставни, лесни, хранливи домашни оброци направени со разновидните органски производи на dmBio што ќе ве наполнат со енергија – без многу напор и без чувство на вина. Сите здрави органски производи вклучени во рецептите се достапни во вашата најблиска dm дрогерија.

Малите избори што ги правиме во кујната имаат моќ да не’ направат да се чувствуваме поудобно, поисполнето и, зошто да не – и посреќно! Овие мали ритуали се многу повеќе од „луксуз“ – тие се љубов кон себе. „Оние денови“ не мора да бидат тешки, а преку храната што ја внесуваме, грижата што си ја подаруваме и изборите што ги правиме, создаваме поврзаност со себе. Затоа, започнете со припреми на вкусните и здрави оброци, слушајте го вашиот женски ритам и грижете се за себе со секој залак!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести