Зоонигувателот Војо не однесе на прекрасна авантура во која темелно ни ги разјасни сите сегмети на екосистемот и ни ја долови нашата улога во грижата за природата, а сега е време за испитување на знаењето и освојување на вредни награди.
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во завршниот дел на кампањата „За живот на живиот свет” објави квиз со кој ќе бидат наградени оние кои најмногу се грижат за природата и навистина ја сакаат.
Дали ги изгледавте видеата на инстаграм-профилот на Еко-свест од оваа кампања и дали запомнивте се? Доколку не, пуштетети ги повторно и подгответе се за испрашување!
Се што треба да направите е да одговорите точно на сите прашања кои се наоѓаат на следниот линк: new.puzzconnection.com, да освоите 100 бодови и со тоа да станете потенцијални добитници на една од петте награди: шатор, хамок, ранец за планинарење, термос или енциклопедија.
Секој има право да учествува два пати, па така ако првиот пат не сте освоиле 100 бодови, обидете се повторно.
Научете нешто ново, забавувајте се, уживајте во природата и освојте награди со кои дополнително ќе уживате во неа!
На инстаграм-профилите instagram.com и instagram.com можете да ги погледенете видеата кои ќе ви бидат од помош, а исто така на овие профили ќе биде објавено и извлекувањето.
ПР-објава