Законот GENIUS помина во Сенатот: Пресвртница за регулацијата на стабилните коини

Во значаен момент за индустријата со дигитални средства, Сенатот на САД го изгласа GENIUS Act – двопартиски закон кој воспоставува јасни правила за стабилните коини во САД.

Скратено од „Guaranteeing and Enabling Nationally Issued зшс,зиздадени и униформно стандардизирани стабилни коини), законот има за цел за заштита на потрошувачите и финансиска стабилност.

Ова претставува најголемиот напредок досега во американската крипто-регулација, особено во однос на стабилните коини поткрепени со американски долари, кои денес надминуваат 150 милијарди долари во пазарна вредност на глобално ниво.

Зошто е важно сето ова?

Стабилните коини најмногу се користат за тргување, парични трансфери и плаќања во реалниот свет. Но, досега, САД немаа јасна национална рамка за нивна регулација. Законот GENIUS Act воведува стандардизиран пристап, со кој се обезбедува дека само целосно поддржани, транспарентни и добро регулирани стабилни коини ќе можат да оперираат на високо ниво.

Клучните цели на законот се следните, да се промовира заштита на потрошувачите, да се зајакне стабилноста на финансискиот систем, да се поттикне иновација и конкуренција во дигиталниот простор.

Клучни одредби од GENIUS Act

1:1 резерва: Издавачите мора да држат целосна резерва во готовина или краткорочни државни обврзници,

Ревизии и транспарентност: Издавачите ќе бидат подложни на редовни ревизии од независни трети страни и ќе бидат обврзани да објавуваат информации за резервите

Федерален и државен надзор: Издавачите ќе можат да изберат дали ќе бидат регулирани на федерално ниво од OCC, или на државно ниво под унифицирани национални стандарди

Забрана за алгоритамски стабилни коини: Законот ги забранува непоткрепените алгоритамски стабилни коини, фокусирајќи се на модели со целосна колатерална поддршка

Јасни дефиниции: Прецизно се дефинира што претставуваат стабилните коини и кој може легално да биде издавач на истите, со што се отстрануваат постојните регулаторни недостатоци.

Реакција од индустријата и глобални импликации

Крипто индустријата го прифати законот GENIUS Act како урамнотежена и визионерска регулатива.

Со поставување високи стандарди и истовремена поддршка на иновациите, законот може да отвори пат за поголемо институционално прифаќање и широка употреба на стабилните коини во секојдневната економија.

Покрај тоа, законот испраќа силен сигнал и на глобално ниво. Други земји може да го следат американскиот модел, создавајќи меѓународна усогласеност на политиките за стабилните коини – клучен чекор кон прекугранична интероперабилност и финансиска иновација.

Што следува?

Со одобрувањето од Сенатот, законот сега преминува во Претставничкиот дом, каде што се водат дополнителни дискусии и можни измени. Доколку биде изгласан и потпишан, тоа ќе претставува првата сеопфатна федерална регулатива за стабилните коини во САД.

За потрошувачите, развивачите и бизнисите во крипто секторот, законот GENIUS Act носи нешто што долго време недостасуваше: јасност. А јаснотијата носи доверба, капитал и нови можности за раст.

Прочитајте ја целата статија тука: Binance Blog – Genius Act Clears Senate

ПР-објава

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести