Поранешната потпретседателка на поделената Алијанса за Албанците (АА), Бујаре Абази, која се придружи на крилото на поранешниот министер за здравство, Арбен Тарвари во македонското Собрание е избрана за нова претседателка на Комисијата за хартии од вредност.
За нејзиниот избор, „за“ гласаа 59 пратеници.
Изборот на Абази доаѓа во време кога АА на Тарвари излезе од Владата, па на нејзиниот избор се гледа како на нејзино дистанцирање од поранешниот министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од над 50 функционери на АА на Тарвари засега само три оставки
Таа на Фејсбук се заблагодари за изборот на актуелни владини преставници, меѓу кои и на други кадри на АА на Тарвари, Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владење и Азир Алиу, кои остануваат во Владата и коалицијата „Вреди“, но не и на Тарвари.
За Алиу се шпекулира дека би можел да биде новиот министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавил министерот Арбен Таравари, кој поднесе оставка
Фото: Фејсбук/Абази