По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О. ќе го одржи својот прв акустичен концерт на 25. мај (Денот на младите) во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ).
Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова димензија на познатите композиции на Д.Н.О..
Билетите се достапни преку веб-страницата на МКЦ и на билетарата во просториите на центарот.
Д.Н.О. е алтернативен рок бенд од Скопје, формиран на почетокот на 2000-тите. Со својот карактеристичен психоделичен и ретро-инспириран звук, бендот гради култен статус на независната музичка сцена во Македонија.
Нивната музика комбинира елементи од алтернативен рок, пост-панк и психоделија, често обоена со носталгичен дух на 80-тите и 90-тите. Познати се по енергични настапи во живо и автентична сценска естетика.
Следете го бендот на следните профили:
Линк од нашиот instagram профил: instagram.
Линк од нашиот Spotify акаунт: instagram.
Линк од нашиот youtube: youtube.com.
Промотивна објава