еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската компанија ЕЛС носи уште неколку платформи за нарачки, помеѓу кои и Шеин и за техника

Македонската компанија ЕЛС, која на македонските граѓани им ги доставува нарачките од Temu и AliExpress, за годинава најавува можност за нарачка преку уште 5-6 платформи, како што е познатата Шеин и платформи за нарачка на техника, вели сопственикот Игор Гешовски, за еМагазин.мк

„Нашата цел е една – продавниците ние да ги носиме кај луѓето, со оглед на тоа што повеќе од 50 отсто од пазарот го држи ЕЛС. Многу скоро ќе воведеме можност за нарачка преку уште 5-6 платформи, како што е познатата Шеин и платформи за нарачка на техника,“ вели Гешовски на прашањето за бизнис-плановите за годинава.

Компанијата го отвори и првиот Фулфилмент центар, магацин од 1.000 квадратни метри каде што ќе им се чува робата на компаниите.

„Сето тоа е кодирано, сѐ е под камери, робата се евидентира, компаниите нѐ известуваат која роба каде треба да се однесе, а ние ја сортираме, пакуваме, бележиме и ја носиме до крајната дестинација.

На тој начин компаниите заштедуваат оти инаку секој треба да има магационери, управа, објекти, шофери и слично,“ додава Гешовски.

Сепак, неговата најголема желба во која што се вложува комплетно е да се почне со извоз на македонски продукти на меѓународниот пазар, што ќе придонесе за поголем економски раст и поголема можност за заработка на македонските компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра на што ќе се плаќа данок

Пратките од Тему се платени и има можност за злоупотреби, но ние имаме заштита преку кодот за верификација, вели Гешовски сопственик на ЕЛС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери, Ибраими и Костовски за Законот за јазици

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција

Кунгуловски: Заболувањето со Ковид-19 носи за 5 пати поголем ризик за тромбоза, отколку било која вакцина

Редакција