Германија ќе нема повеќе специјален преставник за Западен Балкан

Германија нема повеќе да има специјален преставник за Западен Балкан.

Новата влада на Германија, предводена од германскиот канцелар Фридрих Мерц, како што објави германски „Билд“ ќе го крати бројот на комесари, специјални претставници и координатори, а меѓу предвидените позиции за кратење е и позицијата специјален преставник за Западен Балкан, која претставуваше силна поддршка за европската перспектива на земјите во регионот..

Според германската Влада кратењето на позиции ќе обезбедило поефикасно и централизирано управување без дополнителна бирократија.

Досега на оваа позиција од 2022 година беше Мануел Саразин.

Дали оваа одлука ќе значи и промена во пристапот на Германија кон Западен Балкан останува да видиме.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести