еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајцата мажи заболени од мајмунски сипаници во самоизолација, во каква здравствена состојба се?

Двајцата мажи од Скопје кои се заболени од заразното вирусно заболување – мајмунски сипаници, се во самоизолација и под задравствен надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мажи на 44 и 40 години од Скопје се заболените со мајмунски сипаници, не патувале надвор од Македонија

Оваа следи по препорака на Комисијата за заразни болести, а како што информираа од таму  дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со нив. Доколку некој од нив покаже симптоми на заболувањето, ќе биде пратен на тестирање за мајмунски сипаници.

Од Комисијата исто така апелираат до граѓаните во случај на евентуална појава на симптоми за ова заболување да се јават кај својот матичен лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мајмунски сипаници

Каква е здравствената состојба на заболените?

За здравствената состојба на двајцата заболени мажи информираше директорот на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана, според кого еден од пациентите, кој е сместен таму, е во добра здравствена состојба.

-Пациентот прифати да биде хоспитализиран и е во добра општа здравствена состојба. Дури и не прашува зошто е задржан, но заради тоа што треба да биде опсервиран и да биде под наше набљудување и да се направат дополнителни иследувања, пациентот прифати да биде кај нас, изјави вчера Цана.

Овој пациент има лезии во одредена регија на телото.

Според последните официјални информации од вчера, вториот пациент се уште не се јавил на Инфективна. Цана информираше дека овој пациент негирал дека имал некаков контакт со заболен со мајмунска сипаница и дека има симптоми на заболувањето. Тој има промени во гениталната регија.

Цана потенцираше и дека за оваа болест нема специфични лекови никаде во светот, но дека има одредени вирусни лекови кои им се даваат на пациентите со тешки облици на заболувањето.

-Специфична терапија за оваа болест нема ниту кај нас, ниту никаде во светот. Било кој ќе го каже спротивното, само може да нагаѓа. Гугл докторот или било што ќе прочитате на интернет, тоа не држи. Клинички треба да се лекува пациентот, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.033 починати лица од Ковид-19, 888 не биле вакцинирани

Редакција

(Видео) „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески, последната нумера од „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција