Здравствената состојба на Владимир Блажев Панчо, еден од тројцата преживеани членови на групата ДНК, се подобрува, а негови блиски соработници за „Фокус“, велат дека се надеваат дека тој наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
Според нив, неговите физички рани од пожарот во т.н. дискотека во Кочани, ќе заздрават, ќе треба време за тоа, но лузните на неговата душа ќе му останат за навек.
Додаваат дека се свесни како никогаш животот нема да биде ист, ниту за Блажев, ниту пак за било кој што изгубил близок во пожарот.
Блажев е речиси два месеца хоспитализиран.
Во пожарот загинаа осум членови на групата, меѓу кои и Андреј Ѓоргиевски, со кого Блажев настапуваше повеќе од две децении во дуото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мурал во чест на Андреј од ДНК: „Животот е круг знај“
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Фото: ДНК/Фејсбук