Инфлацијата во април 2,6%

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6%, а индексот на цените на мало од 2.7%, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1%, Облека и обувки за 1.5%, Рекреација и култура за 1.4%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5%, Здравје за 0.4% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7% и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1.6 отсто.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести