еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари

Вицепремиерот за добро владење, Арбен Фетаи, кадар на крилото на Арбен Таравари во поделената Алијанса за Албанците (АА) останува во Владата и не заминува со поранешниот министер за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И вицепремиерот Арбен Фетаи го напушти Таравари

Таравари го напушти и пратеникот Салим Сулејмани, а и двајцата како причина го наведуваат зближувањето на Таравари со ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И заменикот министер за земјоделство, Беџети, поднесе оставка, ќе оди со Таравари

За разлика од нив пак со Таравари заминуваат замениците министри за одбрана и земјоделство, шумарство и водостопанство, Елфете Исмаили и Фљакрон Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик министерката за одбрана Елфете Исмаили поднесе оставка

Како што е познато Таравари прво ја напушти коалицијата „Вреди“, која е во фаза да се трансформира во партија, а потоа и Владата, поради одлуката самостојно да настапи на престојните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка, се повлече и од сите функции во AA на Таравари

Кој е Фетаи

Роден е на 11. декември 1980 година во Куманово.

Завршил спецјалистички високи студии (DESS) по европски студии на Институтот за европски студии во Брисел, Белгија.

Има лиценца за политички науки, насока меѓународни односи на Слободен Универзитет во Брисел, Белгија.

Зборува француски, англиски и холандски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

Тој е секретарот за надворешни работи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на Таравари.

Во 2022 година бил извршен директор на Институтот за јавни политики „Арбен Џафер“.

Во 2021 година бил кординатор во Аидофондс во Брисел, Белгија.

Од 2018 до 2021 година е советник во Нов вентуре фонд во Брисел, Белгија.

Од 2010 до 2018 година е советник во Акција за глобално здравје во Брисел, Белгија.

Од 2009 до 2010 година е секретар во Работната група на Европскиот парламент за население и меѓународен развој.

Од 2006 до 2008 година е офицер за врски во УНДП.

Од 2004 до 2006 година работел на проекти во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари изгуби, „Вреди“ доби пратеник

Каков имот пријавил пратеникот Салим Сулејмани од АА на Таравари, кој поднесе оставка

„Вреди“ има нов коридинатор, еве кои пратеници останаа во пратеничката група

Фото: Фетаи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Денеска почнува Евровизија, фаворит за победник е Хрватска

Редакција

Во дискотека нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ, бил евакуиран со солзавец

Редакција

(Фото) Нова продавница на Levi’s во Скопје Сити мол

Редакција