Мажи на 44 и 40 години од Скопје се заболените со мајмунски сипаници, не патувале надвор од Македонија

Првите случаи на заразното вирусно заболување – мајмунски сипаници, регистрирани вчера, се двајца мажи, кои не се поврзани, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје, информираше денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Д-р Марија Андоновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Тие не патувале надвор од државата

Едниот од нив е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а според информации на директорката, другиот се уште не е хоспитализиран.

На прес-конференцијата со Андоновска беше и заменик министерот за здравство, Јовица Андовски. И двајцата апелираа да не се шири паника и дека за оваа заболување има протокол за лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мајмунски сипаници

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести