еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По 15 години се враќа А2 телевизија, засега на Фејсбук и Инстаграм

По речиси 15 години се враќа А2 телевизија, која засега ќе може да се следи на официјалните профили телевизијата на Фејсбук и Инстаграм, facebook.com, instagram.com.

-А2 телевизија започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката. Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија.

Под мотото „А2 – заедно во ново светло“, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност.

Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2.

Во новото светло заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава, информираат од таму.

А2 телевизија првпат започна со работа во јули 2008 година. Оваа телевизија успешно котираше на македонскиот медумски пазар со до затворањето на сестринската А1.

Во јуни 2012 година згаснаа и двете телевизии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Андон Чибишев, новиот директор на Токсикологија

Редакција

(Фото) Стартуваше осумнаесеттиот Моден викенд Скопје

Редакција

Од Ковид-19 починале 17 лица, дополнително пријавени уште шест

Редакција